Објавено на:

Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да се избегне акција во Иран“

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни состаноци во изминатите денови им рекол на официјални лица дека воената акција против Иран е неизбежна, објави израелскиот Канал 13. Според телевизијата, Нетанјаху во средата вечер свикал состанок со раководството на безбедносните служби поради можноста за нова ескалација со Техеран.

Според извештајот, Израел се подготвува за повеќе сценарија, меѓу кои заедничка операција со САД и самостоен израелски напад. Засега нема официјална потврда дека е донесена одлука за напад.

Истиот ден, командантот на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), адмиралот Бред Купер, се сретна со началникот на израелскиот Генералштаб, генерал-потполковникот Ејал Замир, во воениот штаб „Кирја“ во Тел Авив. Израелската армија потврди дека Купер и Замир одржале и посебна тристрана средба со директорот на Мосад, Роман Гофман.

Според соопштението на израелската армија, на разговорите меѓу воените команданти станало збор за случувањата во регионот, зајакнувањето на координацијата меѓу двете армии и нивната подготвеност за различни сценарија. „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори, објави дека Гофман при неодамнешната посета на Вашингтон се залагал за обновување на заедничките американско-израелски напади врз Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…

Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…

Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…

Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…

Не е ни приближно бројката која ја…

Во Македонија лани дошле 805 луѓе од…

„Дефект“ на подморски кабел во Персискиот Залив…

Дел од корисниците во Пакистан може да…