Касами нема да ја послуша Владата: Продолжува рушењето на стадионот во Тетово

t

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами жестоко реагираше на вчерашната одлука на Владата за стопирање на уривањето и реновирањето на Градскиот стадион во Тетово. Тој им порача на техничкиот премиер Талат Џафери и вицепремиерот Артан Груби дека стадионот ќе продолжи да се гради.

-По 8-годишното уништување што му го предизвика на Тетово, владата продолжува да штети. Овој пат носи одлука за прекин на работите на стадионот во Тетово. Уште еднаш докажавте кој сте, докажавте дека само ѝ направивте штета на оваа држава. Деновите ви се одброени, со вакви одлуки не спречувате да работиме за нашите граѓани. Стадион ќе се гради, дури и да не ви се допадне. Доаѓа работна власт во Тетово и сите градови во државата ќе се градат и развиваат според планираното, објави Касами на социјалните мрежи.

Владата синоќа на седница донесе одлука да се прекине реновирањето на Градскиот стадион во Тетово, почнато неодамна.

-Заклучено е, Генералниот секретаријат на Владата да подготви комплетна информација во врска со статусот на објектот Нов фудбалски стадион – Тетово, КП бр. 11476. Во меѓувреме, да се испрати укажување до Општина Тетово, да се прекине со работите на теренот, додека нема правна разврска на случајот. Исто така, Владата одлучи да се обрати со препорака до Уставниот суд, да ја земе предвид итноста на овој случај и да се произнесе во врска со поднесената Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на постапувањето во него. Владата заклучи и да се разгледаат правни основи, согласно Кривичниот законик, за покренување соодветна пријава до надлежните органи, во врска со овој случај, стои меѓу другото во владиното соопштение.

Касами пред почетокот на предизборната кампања, најави изградбата на нов фудбалски стадион во Тетово на местото на постојниот и веднаш започна со негово рушење. На оваа негова активност дојде реакција од Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за односи со верските заедници. Сотировски информира дека поднел Иницијатива за оценување на уставност и законитост на спорната Одлука на Советот на Општина Тетово до Уставниот суд на 26.04.2024 година.

Во април тој поднесе и претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и градоначалникот поради настанот кој беше организиран од локалната власт со цел да се презентира идејата за реконструкција на градскиот стадион на која имаше ревијален натпревар и настап на музичари. Таму обраложи дека жителите со македонска национална припадност биле дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Моментално не е можно формирање на…

До денес не е можно формирање влада…

Името „северна“ Македонија го има пет пати…

Во поднесокот на имињата на новите министри…

Владата одлучи за прекин на мандатот на…

Владата, на предлог на Министерството за локална…

СДСМ за предлогот за Влада на Мицкоски:…

Од она што денеска беше соопштено во…

Таравари: Северна Македонија нема друга алтернатива освен…

Претседателот на Алијснса за Албанците, Арбен Таравари,…