Катастрофа: Недостаток на мазут во прилепската болница – ќе се греат на грејни тела

t

Прилепската болница работи со минимални количества мазут и ги троши последните количества. Просториите во болницата се затоплуваат со грејни тела.

Според Кети Смилеска, директорка на прилепската општа болница со проширена надлежност, ваквата состојба е поради доцнењето на испораката на мазут од добавувачот. Во болницата се хоспитализирани 60-тина пациенти, од кои половината се со Ковид-19 во инфективното одделение, но Смилеска вели дека просториите се топли. Таа се надева дека сепак, денеска да се реши ситуацијата.

– Не можам да кажам од кои причини доцни испораката на мазутот од добавувачот. Тендерот е навреме завршен, ние немаме никакви долгови, но доцни испораката од добавувачот. Просториите ги дозатоплуваме со грејни тела и исчекуваме и се надеваме денеска да стигне мазутот. Имаме хоспитализирани околу 60 пациенти, од кои 30 се со ковид во инфективното одделение. просториите се топли, вели Смилеска.

Прилепската болница дневно троши до 1,2 тона мазут. Во болницата очекуваат, но сѐ уште е неизвесно, денеска да се реши ситуацијата и да добијат мазут за загревање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува?! И наставник во Прилеп…

Битолската полиција вечерва го приведе 54 годишниот…

Пронајдени оружје и муниција, приведени две лица…

На 17.03.2023 во Прилеп полициски службеници од…

Акциска контрола на МВР: Казина во Прилеп,…

При спроведена контрола од страна на припадници…

Силна екcплозиja денеска ги вознемири жителите на…

Денеска околу 11 часот во Територијалната противпожарна…

Маж почина пред тетовската болница

Вчера во 9 часот и 45 минути…