Кашкавалот од 1300 денари е ексклузивен, рачно изработен производ, затоа е поскап

t

На социјалните мрежи се појави фотографија од кашкавал кој чини 1305 денари, по што следуваа бурни реакции од граѓаните во однос на поскапувањето на цените на млечните производи.

Сепак, како што за ,,Фокус” појаснува Александар Димовски, управител во млекарата ,,Галичник” која го произведува кашкавалот, се работи за ексклузивен традиционален производ, рачно приготвен, во лимитирани количини.

-Млекара Галичник има свои погони во Градско и во Галичник. Произведуваме овчи кашкавал и овчо сирење. Цената на сирењето изнесува 390 денари за килограм, а пак за овчиот кашкавал, станува збор за мало покачување на цена. Оние кои се запознати со нашите производи знаат дека овој кашкавал е традиционален, рачно правен, тоа е ексклузивен производ, еден вид на посластица.

Пред осум години цената му беше 900 денари за килограм, потоа во изминатите години се покачи на околу 1.100 до 1.200 денари.
Сега, кога цените на сите производи се во значителен пораст, ова покачување од 1.200 на 1.305 денари и не е така високо – појаснува.

Додава дека годишно произведуваат по околу четири до пет тони од кашкавалот, односно количините биле лимитирани.

-Ќе повторам дека ова е ексклузивен производ, кој не се јади секој ден. Дај Боже да може и секој ден да си го дозволат луѓето, но всушност цената е таа, најмногу поради специфичното рачно изработување – ни изјавија од млекарата.

Цените на производите периодов вртоглаво растат. Млечните производи, односно млекото, јогуртот, сирењето и кашкавалот, како што појаснуваат производителите на млеко, се во пораст бидејќи растеле и цените на енергенсите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем пожар во млекара во тетовско…

Голем густ црн чад се надвиснува над…

ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НАЈНИСКИ, А ЦЕНИТЕ ИСТИ,…

Со секое одење во продавница со список…

Галичани оправдано гневни: Српско здружение го направи…

Месната заедница Галичник реагираше во врска со…

По реакцијата на Пенушлиски делото „Галичник“ симнато…

На барање на познатиот македонски сликар Илија…

Не се надевајте, нема намалување: Владата ќе…

За да се испечат белите пецива, сметката…