Не се надевајте, нема намалување: Владата ќе им помага на млекарите и пекарите ама цените остануваат исти
За да се испечат белите пецива, сметката за струја на оваа пекара изнесува околу 64.000 евра месечно. Тоа се девет пати поскапоа отколку пред воведувањето на т.н. блок тарифи. За да го ферментира млекото во јогурт, компанијата се жали дека плаќа сметки кои се многукратно поскапи. Тоа значи дека граѓаните и понатаму ќе плаќаат иста цена. Од пекарската комора велат дека цената нема да се намали бидејќи со суровина се снабдуваат од увоз, главно пченица и брашно купуваат од соседните земји.
Производителите на леб, млеко и масло за јадење од декември ќе плаќаат само 100 евра за мегават. Домашните компании кои произведуваат основна храна, но се на слободниот пазар на енергија, ќе бидат помогнати од државата за сметките за струја, без оглед на промените во енергетската берза. Од Министерството за економија го прифатиле предлогот на Коморите.
„Од 1 декември сите домашни производители ќе имаат фиксни цени на струјата за да ги намалат трошоците за финалните производи од основната храна. Има околу 150, главно фирми за млечни производи, брашно, масло за јадење и други според списокот во одлуката донесена од Владата“, велат од министерството за економија.
Дополнително, маржата на ДДВ за основните прехранбени производи ќе се применува до 31 декември. Според надлежните, оваа одлука ги ограничува поскапувањата со утврдување на нивото на трговската маржа од 10%. Но, цените на овие призводи и понатаму растат.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…
Со 69 гласа изгласани се новите министри…
Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…
Државите не ги менуваат своите судбини преку…