Објавено на:

Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

t

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, каде што ќе биде под надзор и подложен на дополнителни тестови, откако е откриено дека францускиот напаѓач има акутен гастроентеритис.

Лекарите веднаш почнаа да вршат низа тестови и да му даваат соодветна терапија. Мбапе првпат ги почувствува симптомите по тренингот во понеделник, 48 часа пред натпреварот против Ал Хилал, по што повеќе не беше во можност да тренира, поминувајќи го поголемиот дел од времето затворен во хотелска соба.

Од 16 јуни, Мбапе е во целосна изолација, консумирајќи само вода и овошје, физички исцрпен и без сила за секојдневни активности. И покрај најавите на тренерот Чаби Алонсо дека ќе чека до последен момент за конечно закрепнување, францускиот интернационалец не можеше да патува до стадионот со тимот и го гледаше натпреварот од својот хотел.

Поради недостаток на очекувано подобрување на неговата здравствена состојба, Реал Мадрид донесе одлука да го префрли во болница, каде што ќе биде под постојан медицински надзор и ќе се подложи на дополнителни тестови и поинтензивен третман. Во овој момент, јасно е дека Мбапе нема да биде достапен за претстојниот натпревар од Светското клупско првенство против Пачука.

Временските услови во кои се игра турнирот, со температури околу 35 °C и 70 проценти влажност, дополнително ги намалуваат шансите за негово брзо враќање на тренинзите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перез прокоментира за случајот со Мбапе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез очигледно…