Кина го демантира ФБИ: Ковид-19 не излезе од лабораторија

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на денешната прес конференција изјави дека Кина „остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација“ под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот.
-Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот, рече Мао.
Портпаролката на кинеското МНР реагираше на синоќешните тврдења на шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, која кажа дека „ФБИ дошло до заклучок дека пандемијата на коронавирусот најверојатно настанала како резултат на инцидент во кинеска лабораторија во Вухан“, пренесоа британските медиуми.
Вреј ја обвини кинеската Влада дека „прави се за да ги попречи“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата, додаваат британските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
Се јави Дугин: Кина е свесна дека…
Посетата на претседателот на Народна Република Кина…
(Фото) Магичен поглед и силна порака: Руски…
Специјалниот дописник новинската агенција „ТАСС“, космонаутот на…
Украина очекува Кина со своето влијание врз…
Украина очекува Кина да го искористи своето…