Објавено на:

Кина е првата земја што именуваше амбасадор во Авганистан под власта на Талибанците

t

Кина стана првата земја што официјално именуваше амбасадор во Авганистан по враќањето на талибанците на власт, откако кинескиот претставник денеска ги предаде акредитивните писма на церемонија во Кабул.

Талибанските власти не се официјално признати од ниту една странска влада, а Пекинг не стави до знаење дали денешното назначување е знак за позначајни чекори кон официјалното признавање на талибанците.

„Ова е нормална ротација на кинескиот амбасадор во Авганистан и е израз на намерата да продолжи дијалогот и соработката меѓу Кина и Авганистан“, соопшти кинеското МНР.

„Кинеската политика за Авганистан е јасна и конзистентна“, се додава во соопштението на одделот.

Портпаролот на талибанското министерство за надворешни работи изјави дека новиот државен пратеник Жао Ксинг е првиот странски амбасадор што ја презеде функцијата од август 2021 година, кога талибанците ја презедоа власта и странските сили предводени од САД ја напуштија земјата по 20-годишно присуство.

Мохамед Хасан Ахунд, вршител на должноста премиер на талибанскиот режим, ги прифатил акредитивните писма на кинескиот амбасадор, изјави заменик портпаролот на талибанската администрација Билал Карими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван

Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван,…

Кина го честиташе изборот на Гордана Силјановска…

Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до…

Путин откри детали од разговорот со Си…

Една од темите на вечерните разговори меѓу…

Путин – Џинпинг: Русија и Кина работат…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека…

Путин слета во Пекинг

Рускиот претседател Владимир Путин слета во Пекинг…