Објавено на:

Кина предлага зона за вештачка интелигенција со отворен код за земјите од БРИКС

t

Кина ќе предводи во создавањето „зона за вештачка интелигенција со отворен код“ за 11-те земји членки на БРИКС, објави кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на самитот на групата во Њу Делхи.

За разлика од „затворените“ модели што ги развиваат западните, а пред сè американските компании, кинеските технолошки компании развиваат модели со отворен код (open-source), што овозможува програмскиот код на апликациите да биде јавно достапен, овозможувајќи негова адаптација, измена и слободна употреба.

Предлогот е дел од пошироката „Иницијатива за отворена и инклузивна вештачка интелигенција“ поддржана од кинескиот лидер. Иницијативата предвидува засилена поддршка за заеднички развој и примена на големи јазични модели, се наведува во извештајот што го објави кинеската државна телевизија Синхуа.

За време на обраќањето пред лидерите на БРИКС, Шји исто така повика на воспоставување широка и инклузивна глобална рамка за управување со вештачката интелигенција, заснована на консензус.

Се очекува Шји да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во САД кон крајот на септември. Управувањето со вештачката интелигенција и егзистенцијалните ризици од развојот на оваа технологија се очекува да бидат меѓу главните теми на нивните разговори.

– Се среќаваме во време кога низ целиот свет забрзано се одвиваат промени што не се видени во изминатиот век. Глобалниот југ, со својот колективен подем, стана клучен двигател на мултиполарноста. Истовремено, меѓународната средина останува нестабилна и исполнета со сериозни ризици и предизвици – нагласи Шји.

Тој предупреди дека светот без заемно договорени правила ризикува да прерасне во хаос: Свет без правила е како крстосница без семафори, каде што хаосот е практично загарантиран. Праведноста и непристрасноста се универзален стремеж, а меѓународните правила треба да ги пишуваат сите држави заедно. Логиката дека ‘силниот е во право’ одамна требаше да биде напуштена. Земјите од Глобалниот југ треба заеднички да го бранат владеењето на правото во меѓународните односи и основните норми, како што се суверената еднаквост, немешањето во внатрешните работи и мирното решавање на споровите, без примена на двојни стандарди.

Кинескиот лидер заклучи дека сите држави, без оглед на нивната големина, моќ или економска развиеност, се рамноправни членки на меѓународната заедница, повикувајќи ги земјите од Глобалниот југ да го поддржат мултилатерализмот, да ја зацврстат улогата на Обединетите нации и да се заложат за реформа на Светската трговска организација (СТО) и спроведување на Агендата за одржлив развој до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа

Три лица во Холандија починале во последните…

Трамп изрази оптимизам за трговскиот спор со…

Свет Трамп изрази оптимизам за трговскиот спор…

Кина предлага зона за вештачка интелигенција со…

Кина ќе предводи во создавањето „зона за…

„Алтернатива за Германија“ ја зголеми предноста пред…

Опозициската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД)…

Возот бил полн со Западни дипломати: Борис…

Борис Џонсон, според медиумските извештаи, бил во…