Објавено на:

Кина се закани со војна: САД го вооружува Тајван

t

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на опрема, обука и други предмети поврзани со поддршката на системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Тајван. Набавката е вредна околу 95 милиони долари, соопшти Пентагон. Пакетот ќе вклучува обука, планирање, распоредување, операција и одржување на системот за противвоздушна одбрана Патриот и поврзаната опрема, објави американското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на Пентагон го информирала Конгресот за можната продажба, но и покрај одобрението на Стејт департментот, во известувањето не се посочува дека договорот е веќе потпишан или дека преговорите се завршени, наведува Ројтерс.

Законот за односи со Тајван бара од Пентагон да ги поддржи напорите на Тајван да се заштити себеси, но не бара американската војска да го брани Тајван доколку биде нападнат. Според денешната политика на „стратешка двосмисленост“, лидерите на Белата куќа или Конгресот би можеле да сметаат дека продажбата на оружје и обуката се доволни за исполнување на обврските од Законот за односи со Тајван.

Истовремено, Кина не дозволува да се зборува за Тајван на друг начин освен како дел од нејзината територија, иако Тајван се смета себеси за суверена држава. Кинеско-тајванските воени односи се најлоши во последните 40 години, изјави претходно тајванскиот министер за одбрана Киу Куо-ченг. Кина во неколку наврати го предупреди Тајван дека ќе биде нападнат, а стравувањата од кинеско преземање траат со години бидејќи Кина продолжува да ги проширува своите воени капацитети и сè повеќе ја предизвикува американската глобална хегемонија, пишува Дејли мејл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија стави два авиона за гаснење пожари…

Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем…

МОН на Меѓународниот ден на младите: Партнерскиот…

Младите се двигател на општествениот развој, а…

Германски метеоролог со црни прогнози за Европа:…

Климатологот Андреас Јегер предупредува дека овa лето…

На денешен ден пред 36 години свечено…

Пред 36 години, на 12 август 1990…

Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…