Клековски нов министер за здравство, Велковски ја превзема социјална политика

t

Нов министер за здравство е Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски, кој во моментов е заменик министер, потврдуваат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Нов директор на Фондот за здравство на местото на Клековски, ќе биде Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ.

Нови министри ќе добијат министерствата за правда, министерството за култура и туризам, и министерството за односи меѓу заедниците каде ќе отидат кадри од Вреди, додека министер во министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство ќе предложи партијата ЗНАМ. Од ЗНАМ информираа дека за нов министер ќе биде предложен актуелниот државен секретар во Министерството, Борче Серафимовски.

Се укинува министерството за добро владеење.

Воедно на оваа седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изгласан е и нов претседател на Унијата на млади сили, Тодор Коневски, млад и перспективен човек со силна енергија. Нова претседателка на Унијата на жени е Марија Митева која е и владин портпарол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски нов министер за здравство, Велковски ја…

Нов министер за здравство е Сашо Клековски,…

Украина удри во БАНДЕРА: Полска бара решавање…

Полска постави услов за Украина – прашањето…

Драма на небото: Израелски авион испрати сигнал…

Вистинска драма се одвивала на небото над…

Мицкоски: Струјата нема да поскапи, туку ќе…

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата…

Мицкоски за спорот со Бугарија: Додека јас…

Изминативе повеќе од 20 години откако се…