Мицкоски: Струјата нема да поскапи, туку ќе биде поевтина за граѓаните

t

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Директно“, упати силни пораки за стабилност на енергетскиот пазар. Тој најави дека благодарение на новите „креативни решенија“, граѓаните не треба да стравуваат од нови поскапувања на електричната енергија, туку напротив, може да очекуваат пониски сметки.

Одговарајќи на прашањата за можните варијации на цените на енергенсите на светските берзи, Мицкоски беше дециден дека владата има план кој ќе ги заштити домаќинствата.

„Направивме креативно решение врз основа на моменталната состојба на пазарот и јас сум убеден дека цената не само што нема да оди нагоре, туку ќе биде и поевтина за граѓаните од први,“ истакна премиерот.
На изразениот скептицизам дека цените на светскиот пазар можат нагло да се променат, Мицкоски порача јавноста да биде спокојна: „Бидете спокојни, тоа нема да се случи. Апсолутно нема да се случи.“

Мицкоски се осврна и на досегашните постигнувања во енергетскиот сектор, потенцирајќи дека државата успешно се справила со најголемата светска енергетска криза.

„Изминатите две години цената за електрична енергија кај граѓаните не се зголеми, што не е случај во државите во регионот. Исто така, во услови на најголема криза, Македонија имаше, а и сè уште има, убедливо најевтини цени за дизел и безоловните горива,“ додаде тој.
Според премиерот, фокусот на владата останува на енергетиката како клучен столб за економската стабилност на земјата. Тој најави дека следењето на состојбите на пазарот и навременото реагирање со стратешки решенија ќе продолжат да бидат приоритет и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Струјата нема да поскапи, туку ќе…

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата…

Мицкоски за спорот со Бугарија: Додека јас…

Изминативе повеќе од 20 години откако се…

Мицкоски за Изборниот законик: Подготвени сме да…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги…

ЗНАМ објави: Ова е новиот министер за…

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски попладнево…

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај…

Во текот на денешниот ден на територијата…