Клубот „Цар Борис“ демек ќе го менуваше името, ама не поднел целосна документација

t

Бугарските клубови во Македонија, по се изгледа немаат намера да се усогласат со законот за здруженија. Од „Ванчо Михајлов“ велат дека нема да го сменат името, додека од „Цар Борис“ иако наводно ќе го сменеа името, сепак не поднеле целосна документација.

Директорката на Централен регистар Марија Бошковска Јанковски денеска информираше дека здружението на Бугари „Цар Борис“ од Охрид не ја поднело целосната потребна документација за промена на името во законски предвидениот рок што истече на 16 февруари.

Претходно од Централен регистар известија дека на 10 февруари ова здружение почнало процедура за усопгласување со измените на Законот за здруженијата и фондациите, но директорката Бошковска Јанковски рече дека апликацијата е непрописно поднесена, а според неа, тоа е сторено за да се купи време.

– Во врска дали овие споменати здруженија поднеле пријава за промена на имињата, за „Иван Михајлов“ не е поднесена пријава за името, додека за „Цар Борис Трети“ на 10 февруари е поднесено барање со допис за усогласување со новиот Закон за здруженија и фондации и не е наведено ништо друго. Тоа не ја задоволува законската процедура за менување на име. Сепак отворен е деловоден број и информирано е дека треба да постапи соглансо Законот, односно да достави пријава и проследна документација за да го изврши усогласувањето. Ова е можеби купување време, но ако достават пријава како што треба, ќе биде информирано Министерството за правда да почека со одлуката – рече Бошковска Јанковски за ТВ24.

Од Централниот регистар пред истекот на рокот до кој сите здруженија требаше да се усогласат со законот известија дека до нив е стасан допис од „Цар Борис Трети“ со наслов: барање за усогласување на работата на здружението со законот и дека со барањето подносителот доставил и известување за доставување на пријава и прилози. Но, според изјавата на директорката, јасно е дека пријавата и прилозите досега не се доставени.

Согласно законските измени, здруженијата не смеат во своите имиња да користат личности што на кој било начин се поврзани со фашизам, нацизам, Третиот рајх итн. Сите здруженија требаше да се усогласат со законските измени до 16 февруари, а оние кои нема да се усогласат ќе бидат избришани од Централниот регистар со одлука на министерот за правда најдоцна до 16 март, врз основа на добиено мислење од Комисијата за имиња. Законските измени беа донесени откако двете здруженија на Бугари „Иван Михајлов“ и „Цар Борис“ минатата година силно ги вознемирија граѓаните со отворање на културни клубови во Битола и во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Василев: Јотова го помилува „Петричкиот Ескобар“

Бугарскиот пратеник Асен Василев обвини дека поради…

Трамп најави масовно истражување на нафта на…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на…

ММФ предупредува на нова должничка криза: Американскиот…

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека растечкиот јавен…

Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…

Германската федерална влада планира широка соработка со…

Над 160 здравствени работници учеа да препозна…

Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…