Ковачевски ветува: Платите ќе почнат да растат

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 најави дека Програмата за работа на Владата ќе ја одликува силна посветеност на економијата и зајакнување на животниот стандард на граѓаните.
„Новата влада повеќе ќе биде посветена на економските прашања, на внатрешно политичките прашања, се со цел да можеме да ги адресираме најгорливите проблеми и предизвици што ги имаме во моментов, како пандемијата, глобалната енергетската криза, зајакнување на животниот стандард и повисока реализација на капиталните инвестиции, согласно планот за забрзан економски раст“ порача Ковачевски.
Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува, а платите ќе продолжат да растат. Особено ќе се посветиме на реалзација на капитални инцестиции. Тие се секогаш главниот дивгател на економскиот раст и затоа тука ќе има посебен акцент, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коалицијата СДС и ДПМНЕ здружено изгласа план…
Коалицијата меѓу СДСМ и ДПМНЕ перфектно функционира…
Траги-комедија: Каевски најавува апсење на Груевски кога…
Не издржа срце "јуначко" па и СДСМ…
Ковачевски на работна посета во САД
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со…
Кузеска: СДСМ се бори за членство во…
СДСМ е посветена на членството во ЕУ…
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…