Ковачевски да прекине со импровизации околу енергетиката и да ги спроведе мерките на Левица, велат од партијата

t

Од Левица ги коментираат мерките кои вчера беа соопштени од премиерот Ковачевски на вонредна прес-конференција, а се однесуваат на справување со енергетската криза.

Според Левица мерките кои се предлагаат се лош плагијат на мерки кои Левица ги предлага од самиот почеток на кризата

– Владата вчера донесе мерки кои се лош плагијат на мерките кои, во континуитет, ги предлага Левица уште од почетокот на енергетската криза.

Независно дали е во прашање суета на Премиерот, незнаење или политичка калкулација, сепак на крајот, Владата ќе мора во целост да ги прифати предлог решенијата која ги понуди Левица, за ублажување на кризата со електричната енергија.

Половичните мерки кои вчера беа презентирани само делумно ќе го амортизираат ударот кој следи од високата цена на струјата.

Ако се знае дека 100% од струјата за Универзалниот снабдувач ја обезбедува државната ЕСМ (ЕЛЕМ) и дека маржата на ЕВН Хоме е 11.5%, се поставува прашањето:

Зошто основните и средни училишта да одат на регулиран пазар, а да не бидат снабдувани од државната ЕСМ Продажба по иста цена која би ја имале на регулиран пазар, со што би се избегнала маржата спрема ЕВН Хоме?

Ако се знае дека ударот од кризата со електрична енергија Владата ќе го амортизира директно со народни пари, од Буџетот на државата, се поставува прашањето:

Зошто се избегнати сите државни институции, јавни и државни компании, општини и комунални претпријатија од мерката државната ЕСМ Продажба да ги снабдува по прифатлива цена за сите, со што би се запрел одливот на народни пари во приватни фирми кои тргуваат со струја?

Дали, после оваа енергетска криза, власта почна да прави разлика од “домашно” производство и “државно” производство на електрична енергија и конечно се вразуми, па под итно ќе ги прекине постапките за продажба на локациите кои се потенцијал за државно производство на струја, како што е локацијата за изградба на Чебрен и Галиште?

Апелираме до Владата на Ковачевски да прекине со импровизација и под итно да ги спроведе предлозите на Левица, со што би заштедиле во време за справување со кризата, а со тоа и пари на граѓаните на Македонија, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…