Ковачевски: Кадрите во СДСМ ги делам на оние што повеќе или помалку помогнале во развојот на партијата

t

Новиот претседател на СДСМ вечерва, пред почетокот на денешниот Централен одбор на партијата изјави дека програмата ќе се базира на социјал-демократски вредности, фер шанса за сите кадри кои ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво како и отворање на партијата кон сите оние може да придонесат со својата активност во зајакнување на партијата и нејзиното работење.

Тој истакна дека никогаш не ги дели кадрите на стари и нови туку на оние кои придонеле повеќе или помалку во развојот и градењето на партијата.

-Ги делам на оние кои што придонеле повеќе или помалку во развојот или градењето на партијата. Во медиумите се појавија голем број имиња, кои што значат нешто во СДСМ и кои во минатото извршувале високи партиски и државни функции. Да оставиме на ЦО да ги донесе одлуките, рече Ковачевски.

Тој најави дека во неговите предлози ќе биде застапена родовата еднаквост, како и рамномерната застапеност на сите плански региони во државата.

„Ќе предложам Извршен одбор во кој ќе бидат застапени 50 отсто жени, 50 отсто мажи за да се запази родовата еднаквост за која се залага СДСМ. 33 отсто ќе бидат млади и ќе бидат запазени сите плански региони во државата да бидат застапени во Извршниот одбор. Партијата е обединета бидејќи имаме 120 членови на ЦО, денес ќе имаме уште 10 нови членови и заедно со општинските организации СДСМ преставува најсилна и најголема партија во државата“, вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…

Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…