Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари е реалност, таа континуирано ќе расте

t

Минималната плата од 18.000 денари е реалност, но уште поважно е што таа континуирано ќе расте без потреба од дополнителни интервенции. Сега, со две минимални плати синдикалната кошничка е покриена, нешто што не беше случај во 2016, кога беа потребни повеќе од 4 минимални плати за да се покрие една кошничка, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски на „Фејсбук“.

Ковачевски порачува дека заштитата на животниот стандард останува еден од највисоките приоритети на Владата и оти со динамично темпо се исполнуваат ветувањата во година на продлабочена економска криза.

Од овој месец почнува исплатата на зголемената минимална плата од 18.000 денари. Договорот за зголемување на минималната плата беше постигнат во февруари по неколкудневни преговори меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…

Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…

Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…

Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…

Владата донесе Одлуката со која се менуваат…

Со 69 гласа изгласани се новите министри…

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…