Ковачевски: Нема да ја објаснувам изјавата за односот на Бугарија кон Македонија!

t

Јас што имав да кажам на Самитот на Советот на Европа во Исланд го кажав пред 46 делегации на државите-членки на Советот на Европа, од тоа постои видео-запис, беше дадена и во директен пренос и сите ја слушнаа и немам повеќе што да ја објаснувам таа изјава, одговори денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање како го коментира тоа што министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел на својот бугарски колега Иван Кондов му објаснувал дека македонскиот премиер не мислел на целата држава Бугарија, туку само на политичари поединци кога рекол дека Бугарија се однесува кон нашата држава како Украина кон Русија.

– Нормално, министерот за надворешни работи Османи си има свои контакти со своте колеги и тие таму разговаараат за дневите работи што ја окупираат дипломатијата, но мојата изјава ја имате интегрално и можете и денеска да ја погледнете – рече Ковачевски.

На Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик на 17 мај на генералната дебата „Обединети за Европа“ премиерот Ковачевски рече дека Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права, одгововарајќи на претходно изнесените критики на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека во Македонија не се признаваат основините човекови права.

– Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права. Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа – посочи Ковачевски во Рејкјавик.

Една недела подоцна, на состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел, службениот министер за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов на куса билатерална средба побарал објаснување од македонскиот колега Османи за извајата на Ковачевски.

– Тој се обиде да објасни дека говорот на премиерот де факто бил поврзан со конкретни политичари, а не, во принцип, со политиката на Бугарија. Но, јас го го поставив прашањето – зошто во таква ситуација е посочена Бугарија, а не конкретниот политичар на кој се однесувало тоа – рече тогаш Кондов.

Потоа бугарското МНР во соопштение објасни дека Кондов на заедничкиот состанок во Брисел на министерите за надворешни работи на земјите-членки со колегите од Западен Балкан реагирал дека „во РС Македонија има државно спонзориран говор на омраза, еднострани провокативни акции, кршење на човековите права, како и на правото на здружување и правото на правично судење, а за такви нешта нема место меѓу заедничките вредности на европското семејство“.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прашан и за став во врска со изјавата на бугарскиот претседател на Собранието Росен Желјазков кој верува дека Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија врз основа на сопствен придонес, а за Бугарија е важен условот што го постави Европската комисија за уставната промена, со која Бугарите треба да бидат вклучени како државотворен народ, што повеќе не е билатерално прашање, туку е услов за почеток на преговорите.

– Не сум ја видел изјавата на спикерот на Бугарија, но промената на Преамбулата и внесувањето во него на 3.500 наши сограѓани кои се идентификуваат како Бугари е дел од преговарачката рамка во која обезбедицме заштитен македонски јазик и идентитет и со која ги почнавме преговорите со ЕУ. Ова е една од нашите обврски кој нашето Собрание ќе ја испшолни и со тоа ќе го отвориме класерите од преговрите и Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ до 2030 година. Тоа е целта која ќе ја оствариме сите заедно во општеството, за сите наши граѓани – рече денеска премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…