Ковачевски повтори: Блокадата на Собранието е нарачка на Груевски – Некои опозициски партии го сметаат Зеленски за непријател

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја коментираше најавената блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Според него „ова што што се случува во последните денови е неодговорно однесување, кое не носи никому добро, освен на Никола Груевски.
-Собранието треба да биде место за унапредување на законите и справување со кризата. Блокирањето на Собранието е најлошо нешто што еден политичар може да го направи во овој момент. Тоа е однесување кое во контитунитет го отсликува ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикувам сите пратеници да бидат на ниво на својата задача. Ги гледам денешните натписи, не доликува на демократска партија да одбројува денови и да служи со уцени и закани. Јас потврдив дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку водам отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството, изјави Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
Ковачевски потенцира дека ова не е ништо различно од тоа опозицијата го правела досега, само што сега добиле наредба за јавно да биде искажано.
-Оваа блокада е само продолжување на тоа што се правеше досега. Постои отворена комуникација меѓу пратеничките групи, постои комуникација во рамки на ЗЕЛС и разговаравме преку директна комуникација, рече Ковачевски.
Според Ковачевски граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори.
-Ако го погледнете јавното мислење ќе видите дека не сакаат избори, затоа што помина времето кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори за свој личен политички профит. Сега е време да се справиме со кризата и имаме јасно позиционирана и ориентирана влада кон ЕУ, за разлика од опозицијата во која има политички партии кои што се отворено на страната на Русија и сметаат дека претседателот на Украина, Зеленски е нивен непријател, рече Ковачевски пред медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот…
Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза…
Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…
Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…
Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…
Претседателот на Владата на Република С. Македонија…
Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…
Достоинство или го имаш или воопшто го…
Каракамишева: Ако ова не е страшно за…
Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…