Ковачевски ја откри Америка: Се уште е на сила бугарското вето
Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување, туку е пред сѐ прашање на заеднички стратешки ангажман. Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на дебатата на тема „Не гледај раздвоено – Цртање на пат за ЕУ и Западен Балкан“ во рамките на официјалната програма на годинешната Минхенска безбедносна конференција.
Во тој контекст на остварувањето на таа визија за Европа, посочи Ковачевски, исклучително е добра веста за одлуката на Европскиот Совет од 21 март 2020 година, со препорака за безусловен почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.
-За жал, оваа препорака за безусловен почеток, беше условена од блокадата на претходната влада на Бугарија. Таа блокада е сѐ уште активна. Но, многупати досега сме покажале дека Македонија е земја на пријателства и соживот. Тоа се наши автентични белези. Така светот нѐ препознава денес. Градиме пријателства. Посветени сме на изнаоѓање взаемно прифатливи решенија. Во тој дух и во тој манир Македонија ги презеде сите неопходни чекори за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ, истакна Ковачевски.
Тој потенцира дека земјава посветено работеше и работи на домашните реформи врзани со поглавјата и законодавството на ЕУ и се фокусира на постигнувањето на европските стандарди како предуслов за напредок во ЕУ интеграциите.
-Но уште поважно, во духот на европските добрососедски односи, јас и бугарскиот премиер Петков во последниве два месеци, откако сме и двајцата премиери, ги интензивиравме разговорите меѓу Македонија и Бугарија со искрена волја да направиме чекори на доближување, на соработка и на доверба за кои веруваме дека ќе нѐ однесат до решенија за нашите билатерални прашања, вели премиерот Ковачевски.
Според него, Западниот Балкан функционира како систем на поврзани садови. Кога има напредок во една земја, нагласува, тоа е поттик за напредок кај другите соседи.
-Блокадата на оперативниот почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија со ЕУ се чувствува низ целиот регион како сериозен удар врз довербата кон Унијата. Поради неодобрувањето на преговарачката рамка, Македонија и Албанија губат драгоцено време. Но, поголемото прашање е што губи Европската Унија во овој случај. Кредибилитетот на ЕУ е ставен под знак прашање.Оваа ситуација го охрабрува и зајакнува интересот на трети страни во регионот. Доколку ЕУ покаже отсуство или слабост на Западен Балкан, тогаш третите страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат таа празнина која е исклучително важна на геостратешки план, истакнува премиерот.
Затоа, додава тој во обраќањето, ЕУ мора да најде формула како да го одржи зборот и да продолжи со проширувањето на Западен Балкан. Европската Унија има обврска да покаже на дело дека процесот на проширување на Западниот Балкан е жив. Да внесе оптимизам дека европските вредности и принципи се сѐ уште реалност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…