Објавено на:

Ковид амнестија: Во Русија нема да се наплаќаат казни за прекршување на Ковид мерките

t

Московските власти ќе престанат да бараат исплата на неплатени казни за прекршување на ограничувањата за кoронавируcот, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Паричните казни за прекршување на сите кoвид ограничувања, освен за непочитување на режимот на изолација дома за време на периодот на инфекција со кoронавируc, наметнати од извршната власт во Москва и нејзините подредени институции, подлежат на компензација“, се вели во соопштението на градоначалникот.


Според Собјанин, амнестијата ќе стапи на сила на 1 јуни.

Обемот на владината програма се проценува на 13,6 милијарди рубљи (приближно 230 милиони евра), што во услови на притисок од санкции ќе биде значајна поддршка за компаниите и Московјаните.
Од почетокот на пaндемијата, во руската престолнина се откриени 2.768.577 случаи на кoвид 19, оздравени се 2.577.664 луѓе, а починале 43.641. Вчера во Москва беа откриени 229 нови случаи на кoронавируc.

Да потсетиме, многу западни земји воведоа нови санкции кон Москва откако Русија започна специјална операција во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полски медиум: Калининград можеше да биде наш,…

Полски "Онет": Калининград можеше да биде наш,…

Путин “удри метла”: Големи промени во командата…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека раководството на централните…

(Видео) Тешко на Украинците: Русија објави снимки…

Руското Министерство за одбрана објави снимка од…

Да ја прогласат за народен херој: Украинска…

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала…

(Видео) Малку ги изненади: Шојгу им упадна…

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу беше…