Ковид амнестија: Во Русија нема да се наплаќаат казни за прекршување на Ковид мерките
Московските власти ќе престанат да бараат исплата на неплатени казни за прекршување на ограничувањата за кoронавируcот, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
„Паричните казни за прекршување на сите кoвид ограничувања, освен за непочитување на режимот на изолација дома за време на периодот на инфекција со кoронавируc, наметнати од извршната власт во Москва и нејзините подредени институции, подлежат на компензација“, се вели во соопштението на градоначалникот.
Според Собјанин, амнестијата ќе стапи на сила на 1 јуни.
Обемот на владината програма се проценува на 13,6 милијарди рубљи (приближно 230 милиони евра), што во услови на притисок од санкции ќе биде значајна поддршка за компаниите и Московјаните.
Од почетокот на пaндемијата, во руската престолнина се откриени 2.768.577 случаи на кoвид 19, оздравени се 2.577.664 луѓе, а починале 43.641. Вчера во Москва беа откриени 229 нови случаи на кoронавируc.
Да потсетиме, многу западни земји воведоа нови санкции кон Москва откако Русија започна специјална операција во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…