Кога ќе му се приклучи Елмас на Лајпциг и кога ќе дебитира?

t

Елиф Елмас ги мина лекарските прегледи во Лајпциг, но договорот уште не е официјално потпишан од проста причина што јануарскиот преоден рок не е почнат.

Сепак, јасно е дека се е готово, македонскиот репрезентативец за 25 милиони евра ќе ја смени Серија А со Бундеслигата и ќе има можност таму да покаже колку вреди и да напредува во својата кариера. Во моментот на трансферот, тој беше надвор од тимот на Наполи поради повреда и не конкурираше за настап на синоќешното дерби против Рома, како ни за дуелот со Монца на 29 декември.

Во овој момент е познато кога Елмас ќе му се приклучи на својот нов тим и кога би можел да дебитира во Бундеслигата.

Лајпциг во моментов е на одмор, екипата на 2 јануари заминува на тренинг камп во Ла Манга, во Шпанија и тогаш нашиот фудбалер официјално ќе им се придружи на своите нови соиграчи. Што се однесува до дебито, тоа најверојатно ќе се случи на 13 јануари кога Лајпциг на Ред Бул арената ќе го пречека шестопласираниот Ајнтрахт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…