Код за верификација при регистрација на возила – МВР воведува нова мерка за „Безбеден град“
Министерството за внатрешни работи информира дека се воведува нова постапка при регистрација на возила, со која се врши верификација на контакт податоците на сопствениците.
Имено, при регистрација во станиците за технички преглед или во управните служби, сопственикот на возилото на шалтер на МВР остава телефонски број и електронска адреса, по што добива код за потврда на нивната точност.
Со внесување на кодот се потврдува дека доставените податоци се валидни и дека му припаѓаат на сопственикот.
Од МВР посочуваат дека оваа измена има за цел да се избегнат евентуални грешки при испраќањето на санкциите од системот „Безбеден град“, кои и понатаму ќе се доставуваат преку СМС пораки и електронска пошта до сторителите на прекршоците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Код за верификација при регистрација на возила…
Министерството за внатрешни работи информира дека се…
Уапсен скопјанец, полицијата му нашла нож и…
Вчера во 20:00 часот на подрачјето на…
МВР Потврди: Членот на Левица е приведен…
Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР…
Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Ја гореле со цигара, па ја терале…
Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители…