Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, еден малолетник предизвикал сообраќајка

t

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца возачи во Скопје и по еден во Гостивар, Тетово и Штип управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Тетово е малолетник и предизвикал сообраќајна незгода, додека возачот во Штип, освен без дозвола, возилото го управувал и под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол, а еден возач, исто така, во Гевгелија, управувал возило со активна забрана.

Додека, еден возач во Велес управувал возило со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…