Колони на „Богодорица“: Се чека и до четири часа
Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“.
Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси, кампери и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор.
Во спротивен правец, односно за влез во Грција нема подолги задржувања, како што имаше утрово. Жешкото јунско сонце дополнително ја отежнува ситуацијата, а меѓу патниците има и голем број семејства со мали деца, затоа препорака е преку АМСМ да се провери сосотојбата на границата и да се трга во вечерните часови кога времето на чекање веројатно ќе биде исто ама ќе го нема жешкото сонце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колони на „Богодорица“: Се чека и до…
Долги колони од вчера попладне има на…
„Ова не е Москва , дај оставка!“:…
Со извици „Оставка!“ започна синоќа првиот протест…
Руски напад со балистички ракети врз Киев,…
Киев во текот на изминатата ноќ беше…
Грција воведува казни до 1.000 евра за…
Сопствениците на недвижности во Грција кои нема…
Топлoтниот бран одзеде 327 животи во Шпанија…
Топлотниот бран што ја зафати Шпанија одзеде…