Руски напад со балистички ракети врз Киев, има повредени
Киев во текот на изминатата ноќ беше цел на руски напади со балистички ракети, во кои беа повредени две лица во округот Дарницки, во југоисточниот дел од градот, објави денеска началникот на полициската управа во Киев, Тимур Ткаченко.
„Во округот Дарницки, имаме пожари на неколку адреси по нападот. Пожар избувна во близина на станбена зграда, бензинска пумпа гори на друга адреса. Гори и нестанбена зграда“, рече Ткаченко, пренесува Укринформ.
Во Киев е прогласена воздушна тревога, а воздухопловните сили на вооружените сили на Украина издадоа предупредување за закана од балистичко оружје што доаѓа од север.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…
„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…
Русија се согласила да му испорача на…
Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…