Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола, почетната цена е околу 22,9 милиони евра

t

Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува на јавната берзанска аукција за купување 95,336 проценти од акциите на Алта банка АД Битола. Намерата за учество е објавена преку СЕИ Нет, системот за известување на котираните друштва на Македонската берза.

Првата аукција е закажана за 30 ноември. На продажба се 372.742 обични акции, кои се во сопственост на Алта банка АД Белград, која е во стечај. Пакетот ќе се продава по моделот „сè или ништо“, што значи дека купувачот мора да ги преземе сите понудени акции.

Почетната цена е 3.777 денари по акција, со што целиот пакет на првата аукција ќе биде понуден за 1,408 милијарди денари, односно околу 22,9 милиони евра. Доколку пакетот не се продаде на 30 ноември, следните аукции се предвидени за 1, 2, 3, 4 и 7 декември. Почетната цена на секоја наредна аукција ќе биде за 10 проценти пониска од почетната цена на претходната.

Заинтересираните инвеститори имаат рок до 19 ноември да поднесат барање до Народната банка за претходна согласност за стекнување квалификувано учество, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата за купување на акциите. Со продажбата на мнозинскиот пакет, Народната банка настојува да обезбеди нов сопственик и услови за стабилно работење на битолската банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка влегува во трката за Алта…

Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува…

Путин првпат се огласи по нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат јавно…

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка…

Поранешниот британски министер за надворешни работи и…

Таткото на Кристијан Корабоски ќе се гони…

Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија…

Путин: Европејците мора да дојдат во Москва…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека европските…