Компаниите пред бaнкpoт: Во октомври стујата ги чинела илјада евра, во ноември пет илјади и тристотини евра

t

За октомври за струја 1.100 евра, а за ноември пет пати повеќе – над 5.300 евра. Компаниите избезумени од се поголемите трошоци за електрична енергија. Велат на слободниот пазар е хаос. Снабдувачите им ги раскинуваат договорите или им нудат други по кои треба да плаќаат по берзанската цена на струјата која варира и минатата недела се продаваше и по над 500 евра за мегават час, пренесува Телма.

До Телевизија Телма стигнаа реакции од многу компании, со конкретни договори и сметки за струја, но фирмите не сакаат јавно да говорат за да не си направат поголема штета со трговците.

Фирма од Радовиш ни испрати фактури за струја кои за само еден месец се со над 5 пати повисока сума иако потрошените киловати не варираат многу. Така за октомври сумата за потрошена електрична енергија им е околу 67.500 денари, а за ноември над 328.400 денари.

Велат во шок се. Голем дел од компаниите веќе земале кредити за да ги подмират долговите за струја.

-СО ПРЕТХОДНИОТ СНАБДУВАЧ ГО РАСКИНАВМЕ ДОГОВОРОТ, БИДЕЈЌИ ЦЕНАТА КОЈА БЕШЕ ДОГОВОРЕНА НА МОЖЕЛ ДА ЈА ИЗДРЖИ И НИ ПОНУДИ АНЕКС СО КОЈ ЦЕНАТА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА СПОРЕД СРЕДНАТА БЕРЗАНСКА ЦЕНА СЕКОЈ ДЕН ПЛУС 1,5 ПРОЦЕНТИ ЗА ТРОШОЦИ. ГО ОДБИВМЕ И СКЛУЧИВМЕ ДОГОВОР СО ДРУГ СНАБДУВАЧ. И СЕГА АКО ЗА ОКТОМВРИ, СО ПРЕТХОДНИОТ СНАБДУВАЧ СМЕ ПЛАЌАЛЕ ПО 4 ДЕНАРИ ЗА КИЛОВАТ ЧАС, ЗА НОЕМВРИ СТРУЈАТА ЈА ПЛАЌАМЕ ПО 19,8 ДЕНАРИ ЗА КИЛОВАТ ЧАС. НАЈСТРАШНО Е ШТО ОВАА ОД 19,8 ДЕНАРИ БЕШЕ НАЈПОВОЛНАТА ПОНУДА ВО МОМЕНТОВ, ВЕЛИ ЕДЕН СТОПАНСТВЕНИК КОЈ ПОБАРА ДА ОСТАНЕ АНОНИМЕН.

И земјава се соочува со најголемата енергетска криза, нема институција која може да ги заштити компаниите и да ги спречи трговците со струја да им ги раскинуваат договорите. Од Регулаторна немаат ингеренции на слободниот пазар. Велат ќе се менува Правилникот и ќе се заострат критериумите кој се може да добие лиценца за трговија и снабдување со струја. Компаниите можат да реагираат и до Пазарната инспекција, но велат казните од инспекторите за снабдувачите се премали, а ако одлучат да тужат- постапките на суд траат предолго. Од Пазарната инспекција пак до сега санкционираа само двајца трговци со струја- компаниите „Мист Енерџи“ и „У Павер“. Тие вкупно беа казнети со глоби од по 13.000 евра.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ и денеска произведе 100% од потребната…

АД ЕСМ на 29.10.2022 година произведе 11.415…

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…

АД ЕСМ и вчера целосно ги задоволи…

 АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден…

ЕСМ: Произведена струја за 100% задоволување на…

АД ЕСМ на 22.10.2022 година произведе 12.040…

Повеќе од милион и пол Украинци останаа…

Повеќе од еден и пол милион корисници…