Објавено на:

Конго прогласи нова епидемија на ебола: За новиот сој нема вакцина

t

Во Демократска Република Конго се регистрирани 246 сомнителни случаи на ебола и 80 смртни случаи кои веројатно се поврзани со вирусот, покажуваат најновите податоци. Во моментов не постои вакцина против активната варијанта позната како „бундибуџо“, која се смета за многу смртоносна.

Земјата последен пат се соочи со епидемија на ебола меѓу август и декември 2024 година, кога починаа најмалку 34 лица во централниот дел од државата. Најсмртоносната епидемија во историјата на земјата, со повеќе од 100 милиони жители, се случи меѓу 2018 и 2020 година и однесе речиси 2.300 животи.

Еболата, која предизвикува високо заразна хеморагична треска, останува голема закана и покрај постоењето на вакцини и терапии за одредени соеви. Според Светската здравствена организација, во последните 50 години во Африка од ебола починале околу 15.000 луѓе, со стапка на смртност од 25 до 90 проценти во претходните епидемии.

Африканскиот центар за контрола на болести прогласи нова епидемија во Конго, а здравствените власти предупредуваат на висок ризик од ширење на вирусот. Истовремено, пријавен е и смртен случај во Уганда кај пациент од Конго, кај кого е потврден истиот сој.

Министерот за здравство на Конго соопшти дека за сојот „бундибуџо“ нема вакцина ниту специфичен третман, и дека смртноста може да достигне до 50 проценти. Тој додаде дека раното откривање е отежнато бидејќи симптомите често започнуваат со обична треска.

Епицентарот на епидемијата е во регионот Итури на североистокот на земјата, кој е богат со злато и има голема дневна миграција на населението, што дополнително го олеснува ширењето на вирусот.

Ова е 17. епидемија на ебола во Конго од 1976 година, кога болеста првпат била идентификувана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конго прогласи нова епидемија на ебола: За…

Во Демократска Република Конго се регистрирани 246…

Најмалку 200 луѓе загинаа во рударска несреќа…

Најмалку 200 лица загинаа, а стотици се водат…

Научници од Флорида: Еден чекор сме поблиску…

Научниците од Универзитетот во Флорида се еден…

Жртвите на силување во Конго од страна…

Светската здравствена организација (СЗО) платила по 250…

Најмалку 28 лица загинаа при превртување на…

Најмалку 28 лица загинаа при превртување на…