Корисниците на WhatsApp ќе можат наскоро да споделуваат статуси директно на Инстаграм и Фејсбук

t

Мета додава дека оваа можност нема автоматски да биде вклучена, туку корисниците ќе имаат право да одлучат дали ќе ја активираат.

Компанијата Мета ќе ја додаде апликацијата WhatsApp во својот Центар за кориснички налози, што ќе им овозможи на корисниците да споделуваат свои статуси директно на Инстаграм и Фејсбук, со еднократна пријава.

Мета додава дека оваа можност нема автоматски да биде вклучена, туку корисниците ќе имаат право да одлучат дали ќе ја активираат.

Ако корисниците тоа го направат, Мета ќе започне да користи информации од WhatsApp за да ги персонализира и подобри свои производи и услуги, вклучувајќи и прикажување на реклами.

Центарот за налози исто така ќе им овозможи на корисниците да се пријават на повеќе апликации на Мета со истиот налог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…