Коронавирусот ги приземји авионите во светот – откажани над 4.000 летови…

t

Денеска ширум светот се откажани повеќе од 4.000 летови, од кои повеќе од половина во САД, поради неповолните временски услови, но пред се поради зголемувањето на бројот на заразени со сојот омикрон.

Според податоците од глобалната страница за следење летови Flight Aver, денеска до 20 часот по Гринич беа откажани повеќе од 2.400 летови до и од САД, а повеќе од 11.200 летови се одложени до натамошно известување.


Меѓу авиокомпаниите што имаа најмногу откажани летови се „Sky west’“ – 510 и „South west“ – 419, а само до пладне откажани се над 3.300 летови, од кои 1.900 во САД, објави Ројтерс.

Божиќните и новогодишните празници се периоди кога има најмногу летови, но брзото ширење на коронавирусот доведе до нагло зголемување на заразата, принудувајќи ги авиокомпаниите да ги откажат летовите, а голем број пилоти и членови на екипажот да останат во карантин.

Во последните 24 часа, надлежните американски служби регистрирале 346.869 новозаразени круни со вирусот, а бројот на починати заболени од Ковид во истиот период изнесува 377.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа не е марионета на САД, нема…

Многу европски земји, ако не ги сметаме…

САД им се закани со санкции на…

Америка ги предупреди сојузниците дека, доколку не…

22-годишниот прилепчанец кој почина од ковид-19 не…

Дваесетидвегодишниот прилепчанец кој денеска почина од ковид-19,…

Оксфорд бара волонтери за да се заразат…

Првото медицинско испитување во светот во кое…