Корона криза на повидок – преку 50.000 луѓе влегле во Македонија викендов, нема мерки за Омикрон

t

Присуството на Омикрон во земјава не ги предомисли здравствените власти. Нема да има дополнителни ограничувања за Новогодишните и Божиќните празници. Според министерството за здравство сегашните мерки биле доволни, а вакцинацијата останува главен адут во битката со пандемијата, иако половина од населението се уште не е имунизирано. За да се заштитат граѓаните од новиот Ковид сој професорот Никола Пановски препорачува да се избегнуваат непотребни собири во затворено.

-Може да се собереме на отворено, веројатно и пред црква. Во затворен простор носете маска, избегнувајте се што е непотребно кога има многу луѓе, вели професорот по микробиологија Никола Пановски.

Не се планираат ниту дополнителни рестрикции на границите. Остануваат сегашните мерки за влез и излез од земјава вакцинален сертификат, негативен ПЦР или антигенски тест до 48 часа како и потврда за прележаност не постара од 45 дена. Инаку викендот поради празниците во западноевропските земји на граничните премини во земјава регистрирана е зголемена фреквенција на возила. Од петокот до денеска на полноќ во државата влегле 56.441 патник, најголем дел преку преминот Табановце.

За разлика од кај нас многу држави ги заоструваат мерките. Австрија за влез бара и бустер доза или негативен ПЦР, ограничувања за невакцинираните има во Германија и Италија. Грција ги откажа сите јавни настани, Нова Година на отворено нема да се слави ниту во Црна Гора.

Традиционалните огномети и годинава поради пандемијата се откажани во Париз, Лондон, Берлин…

Прослави на плоштадите освен во Скопје ќе има и во Загреб и Белград иако лекарите во српскиот кризен штаб бараат да се воведат рестриктивни мерки поради Омикрон, а ковид пропусницата во објектите да важи 24 часа, а не само навечер. Новата мутација на Ковид на Балканот засега не е регистрирана само во Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата следната недела ќе објави конкретни мерки…

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук информираше дека…

Ковачевски да прекине со импровизации околу енергетиката…

Од Левица ги коментираат мерките кои вчера…

ЕУ препорачува вакцинација против Омикрон за ризичните…

Здравствените власти на Европска Унија препорачаа вакцината против Омикрон…

Американската ФДА одобри нова вакцина против Ковид-19,…

Американската Агенција за заштита од заразни болести…

Откриена нова подваријанта на Омикрон во Албанија:…

Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди…