Косово доби влада, Курти почнува уште еден мандат како премиер
По една година неизвесност и десетици неуспешни обиди да се конституира новиот состав на косовскиот парламент, синоќа тоа се случи, а веднаш потоа новите пратеници ја избраа и новата Влада која повторно ќе биде предводена од лидерот на Самоопределување, Албин Курти.
За изборот на нова влада „за“ гласаа 66 пратеници, 49 против. Новата влада ќе има 19 премиер и тројца вицепремиери.
После последните редовни парламентарни избори во Косово лани во февруари, земјата имаше привремена влада и нефунцкионален парламент, затоа што Самоопределување не успеа да обезбеди мнозинство. Се случија предвремени парламентарни избори во декември кои резултираа со тоа што Самоопределување освои 57 пратенички места во Парламентот од 120 пратеници.
Курти пред пратениците порача дека во следните четири години владата „ќе ги зајакне сојузите со Западот“, ќе инвестира една милијарда евра во одбраната, ќе го продолжи дијалогот со посредство на Европската Унија со Србија и ќе продолжи со инвестиции во социјална помош, образованието и инфраструктурата.
Прв вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора е Глаук Коњуфца, втор вицепремиер и министер за правда – Доника Гервала, а трет вицепремиер за прашања на малцинствата и соработката ќе биде Фикрим Дамка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово доби влада, Курти почнува уште еден…
По една година неизвесност и десетици неуспешни…
Земјотрес во Косово, почувствуван во Тетово и…
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Трамп го претстави „Одборот за мир“, меѓу…
Доналд Трамп го претстави својот Одбор за…
Пратка турски противтенковски ракетни системи пристигна во…
Косово доби испорака на противтенковски ракетни системи…
Поплави во Косово, се излеале неколку реки!
Косовскиот хидрометеоролошки институт (КХИ) објави дека како…