Пратка турски противтенковски ракетни системи пристигна во Косово
Косово доби испорака на противтенковски ракетни системи OMTAS од Турција. Министерот за одбрана во технички мандат, Ејуп Македончи, објасни дека испораката е договорена со турскиот државен производител Roketsan во декември 2023 година.
Тој го дефинираше системот OMTAS (Orta Menzilli Tanksavar Silah) како современ противтенковски ракетен систем со среден дострел, развиен за неутрализирање на модерни оклопни возила, вклучувајќи тенкови со реактивна заштита, како и воени одбранбени утврдувања. Според него, зголемувањето на разновидноста и количината на противтенковски системи за Косовските безбедносни сили има за цел да опфати различни дострели на дејствување, терени и сценарија на закана, со што се зголемува оперативната флексибилност.
Македончи не прецизираше колку системи добила земјата, ниту колкава била вредноста на испораката, објави РСЕ/РЛ.
Информациите на веб-страницата на Roketsan покажуваат дека OMTAS е ефикасен против оклопни цели и може да се користи и преку ден и ноќе, без оглед на временските услови. Системот овозможува лансирање и од воени возила и од платформи со трипод.
Ракетниот комплекс има дострел од 0,2 до 4 километри, а неговата вкупна тежина – ракетата заедно со цевката за лансирање – е 35 килограми. Дијаметарот е 160 милиметри, а должината е 1,8 метри.
Во последните години, Косово го забрза процесот на вооружување, купувајќи оружје главно од САД и Турција, вклучувајќи ракети и беспилотни летала. Земјата е во процес на трансформирање на Косовските безбедносни сили во редовна армија, процес што започна во 2018 година и е планирано да трае десет години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…