КОСОВО: Пратениците од Српска листа му ги врзаа рацете на Курти за смена на Уставот – дадоа заклетва и веднаш ја напуштија седницата

t

Партијата Српска листа соопшти дека денеска деветмина пратеници од таа партија технички ги верификувале своите мандати во Собранието на Косово и на тој начин, како што наведува, ги задржале тие мандати во сигурни раце. По заклетвата, пратениците веднаш ја напуштиле собраниската седница, пренесува Бета.

„Денешната стратешка одлука најдиректно ја спречи реализацијата на планот на Албин Курти и на „подобните“ Срби за промена на Уставот и законите кои ги гарантираат правата на српскиот народ на Косово и Метохија. Намерата на Курти и Рада Трајковиќ, но и останатите како неа, беше гласање за измена на уставот што ќе доведе до укинување на српските општини, одземање имот од СПЦ, укинување на српскиот јазик, право на застапеност во институциите“, се вели во соопштението објавено на Инстаграм.

Српска листа додава дека оваа стратешка и политичка одлука на никаков начин нема да го запре процесот на напуштање на косовските институции на северот на Косово, со што се затвораат сите косовски институции на таа територија, а како одговор, според нив, на прекршувањето на бриселскиот договор, на малтретирање на српскиот народ и газење на сите човекови права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ослободени се обвинетите за нападот врз Пендиков,…

Основниот суд во Охрид ги ослободи Борче…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот Стојко Стојков и…

Утре, по повод Денот на македонската револуционерна…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…