Објавено на:

Косовски државјанин приложил фалсификувани документи за возило со руски таблички

t

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишиле од слобода Б.С. (36) од Косово поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, пријавениот на 20 јули околу 17:00 часот во полициското одделение приложил фалсификувани документи за претходно пронајдено патничко возило „Ауди А8“ со руски национални ознаки.

За случајот бил известен јавен обвинител, а надлежните преземаат мерки за негово целосно расчистување. По завршување на постапката, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски државјанин приложил фалсификувани документи за возило…

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче го…

Обвинителството бара притвор за тројцата осомничени за…

Основното јавно обвинителство Гостивар ќе бара притвор…

Монасите од Бигорскиот манастир повторно даруваа крв:…

Монашкото братство на Бигорскиот манастир, заедно со…

Гиновска: „Комуналец“ немал никаква дозвола да пушта…

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина…

Царината годинава спречила 12 обиди за шверц…

Првиот човек на Царинската управа, Бобан Николовски,…