Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот на Никола Карев — директорот на музејот во Крушево му го изнајмил Македониумот за 500 евра
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил на косовски рапер да го изнајми споменикот „Илинден“, познат и како Македониум за 500 евра за снимање музички спот за песна со наслов „Секси мама“. Во просторот на Македониумот, кој носи исклучително значење и симболика за македонската нација и македонската држава, а во него се наоѓа и саркофагот во кој почива претседателот на Крушевска Република, Никола Карев, танцува и пее раперот по име Дон Џони.
„Не можам веќе без тебе,
подари ми го срцето.
Не сакам драми,
те молам, прости ми.
Многу добро знаеш
дека јас не запирам.
Секси мама,
запали ми го срцето“, оди рефренот на песната.
Директорот на Историскиот музеј во Крушево, Миха Оџаклиески, за „СДК.мк“ изјави дека управниот одбор донел одлука просторот да се отстапува „по соодветна цена“, наведувајќи дека за таква цена ја смета сумата од 500 евра за 5-6 часа.
„Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, вели Оџаклиески.
На прашањето дали воделе сметка за содржината на спотот кој се снимал во Македониумот, директорот вели дека сцените со кревети и играње не се снимени во Македониумот, туку на други локации. Во еден од кадрите од спотот што се снимени во Македониумот, Дон Џони покажува среден прст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…