Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста
Советникот од Левица во Советот на Општина Аеродром, Горан Костовски, на прес-конференција алармираше дека лунапаркот „Зимзоленд“ и понатаму работи и покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за можна општа опасност.
Според Костовски, наместо итна реакција и затворање на објектот, градоначалникот се повикува на процедури и рокови, со што ја префрла одговорноста и ја остава безбедноста на граѓаните, особено на децата, во втор план.
Тој потсети дека законот е јасен и налага веднаш затворање на објект кога постои опасност по безбедноста, но оцени дека во овој случај законските одредби не се применуваат. Костовски нагласи дека и покрај констатираните пропусти од повеќе инспекциски служби, предупредувањата од Град Скопје и јавните реакции, досега нема преземено ниту една конкретна мерка за затворање на лунапаркот или отстранување на опасните реквизити.
Советниците од Левица, како што рече, јавно побарале општината да постапи, но наместо конкретни чекори добиле само уверувања дека „процедурата е во тек“.
На крајот, Костовски упати јавно прашање дали институциите ќе реагираат навреме и ќе ја преземат одговорноста, или повторно ќе чекаат трагедија за да постапат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај…
Советникот од Левица во Советот на Општина…
Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со…
Во време кога бројот на пациенти со…
Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат…
Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е…
Скопскиот аеродром го достигна рекордот од три…
Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот…
АХВ изречe казни за организаторот на „Зимзоленд“…
Агенцијата за храна и ветеринарство при вонреден…