Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

t

Советникот од Левица во Советот на Општина Аеродром, Горан Костовски, на прес-конференција алармираше дека лунапаркот „Зимзоленд“ и понатаму работи и покрај утврдените неправилности и отворениот предмет во Јавното обвинителство за можна општа опасност.

Според Костовски, наместо итна реакција и затворање на објектот, градоначалникот се повикува на процедури и рокови, со што ја префрла одговорноста и ја остава безбедноста на граѓаните, особено на децата, во втор план.

Тој потсети дека законот е јасен и налага веднаш затворање на објект кога постои опасност по безбедноста, но оцени дека во овој случај законските одредби не се применуваат. Костовски нагласи дека и покрај констатираните пропусти од повеќе инспекциски служби, предупредувањата од Град Скопје и јавните реакции, досега нема преземено ниту една конкретна мерка за затворање на лунапаркот или отстранување на опасните реквизити.

Советниците од Левица, како што рече, јавно побарале општината да постапи, но наместо конкретни чекори добиле само уверувања дека „процедурата е во тек“.

На крајот, Костовски упати јавно прашање дали институциите ќе реагираат навреме и ќе ја преземат одговорноста, или повторно ќе чекаат трагедија за да постапат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во стан во Аеродром!

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Левица предлага државата да ви го врати…

Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример…

Објава на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан…

Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…