Кочанско поле во пламен – Земјоделците ги палат стрништата

Кочанско поле повторно во пламен. Пеплосани се десетина хектари стрништа и помалку од половина хектар лозје. Тринаесет пожарникари и уште толку доброволци повеќе од три часа сношти се бореа со огнената стихија. Од пламените јазици успеале да спасат викендица во атарот на село Кучичино, но и пожарот да не се прошири кон околните села.
„Земјоделците од нашата општина извршија масовно палење на земјоделските површини. Интрвениравме на неколку локации во исто време. Вчера имаше таква ситуација екипите да се во околните села, а да се појави и пожар во централното градско подрачје. Сепак успеавме да се справиме, благодарение на нашите волонтери„-изјави Влатко јефтимов, од ТПП-Кочани.
Државата немоќна да се справи со проблемот што се појавува секоја година по завршувањето на жетвата на ориз. За земјоделците единствен спас од сламата е да го фрлат кибритот, но агрономите советуваат дека има техники со кои не само што ќе ја зачуват животната средина, туку и ќе ги дуплираат приносите.
Штипскиот агроном Љупчо Иванов со над триесетгодишно искуство совертува дека со палење само се уништува почвата.
“Целиот азот што го има во почвата се уништува. Знаеме дека азотот е иницијативна каписла за растот и развојот на растенијата кои подоцна се развиваат цво стеблинки и да даваат род. . Се уништува целата микрофлора , односно се уништуваат микроелементите кои треба да го разложат остатокот од жетвата, односно стрништето„-изјави Љупчо Иванов, агроном
Палењето стрништа е сериозен проблем, што прави огромни штети. Само лани во штипско и кочанско изгореа околу 500хектари неожнеани ниви и овоштарници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…
Советот на Општина Кочани на денешната редовна…
СДСМ бара да се затвори депонијата во…
Институциите под капата на ВМРО-ДПМНЕ не се…
(Видео) Инциденти на депонијата во Кочани: Камиони…
Комунални возила од соседните општини денеска се…
ВМРО-ДПМНЕ им се заканува на луѓето кои…
Ќе се преземат крајни и несакани мерки…