Кочовска: Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во четвртиот квартал
Македонската економија ја заокружи 2025 година со солиден раст, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објави 4news.mk Во четвртиот квартал бруто-домашниот производ (БДП) е зголемен за 3,5 проценти во однос на истиот период претходната година, со што се продолжува серијата од шест последователни квартали со позитивни резултати.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција истакна дека остварениот раст претставува континуитет на стабилните економски движења и се надоврзува на растот од 4,3 проценти во четвртиот квартал од 2024 година.
Според објавените споредбени податоци, земјава повторно се вбројува меѓу економиите со највисока стапка на раст во регионот и пошироко во Европа. Повисок економски раст во последниот квартал од 2025 година е регистриран само во Малта, Кипар и Полска. Во регионот, Србија бележи раст од 2,2 проценти, Хрватска 3,6 проценти, Бугарија 3 проценти, а Словенија 2 проценти.
Кумулативно, реалниот економски раст за целата 2025 година изнесува 3,5 проценти, што е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 4 проценти од БДП, додека јавниот долг е намален на 59,3 проценти од БДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочовска: Македонија меѓу водечките земји во Европа…
Македонската економија ја заокружи 2025 година со…
Петровска за починатите Ивана и Катја: Убијци…
Eдно лице е задржано во полициската станица…
Дрога најдена во ранецот на војник од…
Кривично ќе биде гонет вработен во АРМ.…
Руте ја пофали Шекеринска
Русија, Кина и Иран се актери кои…
(Видео) Нема единство во НАТО по прашањето…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…