(Видео) Нема единство во НАТО по прашањето за Иран?!

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска беше во официјална посета на Македонија. На прес-конференција заедно со претседателката Сиљановска, Руте нагласи дека Македонија е важен дел од синџирот на НАТО.

На прашање на урединкот на Инфомакс, за единството во НАТО по повод ситуацијата во Иран и барањето на Трамп НАТО да ја поддржи акцијата, Руте одговори:

– Претседателот не побара НАТО да се придружи, така да тоа не е вистина. Јасно е дека ова е воена кампања која ја водат САД и Израел и гледаме дека многу сојузници даваат клучна поддршка за овозможување на акцијата. Тоа не значи дека се дел од кампањата, но кога доаѓа до пристап, логистика, на пример шпанските бази веќе 10 години бранат клучни интереси на САД. Чувствувам широка поддршка од Европа, на телефон бев со многу лидери преку викендот и порано неделава и јасно видов дека одземањето на нуклеарните способности, одземањето на способностите за балистички ракети и исто така тоа што го нема Хамнеи беше пречекано со аплауз од многу од моите колеги во НАТО, истакна Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…

Претставници на 32-те земји членки на НАТО…

Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…

Иран тврди дека погодил американски Ф-16 над…

Иранската војска соопшти дека нејзиниот систем за…

Иран сака крај на војната, но бара…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…