Објавено на:

Коѕијас: На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ, имаме обврска тоа да го испорачаме

t

Поранешниот министер за надоврешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор зборуваше за постигнувањето на Договорот од Преспа и негова идна имплементација, напоменувајќи дека тој Договорот доведе до членство во НАТО и требаше да обезбеди членство во ЕУ за Македонија.

„На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ и имаме обврска тоа да го испорачаме. Влезот во ЕУ за Северна Македонија беше ветен. И што направи ЕУ? Прво француското вето, за менување на методологијата, па потоа дојде ветото од Бугарија. Што треба ние сега да сториме? Дали да ѝ речеме на Бугарија ние вас нема никогаш да ве пуштиме во Шенген додека не го кренете ветото за Северна Македонија? Ова е добар предлог и треба да се размисли. Но дали е тоа начин? Да се фокусираме на кавги наместо на заеднички напредок?”, рече Коѕијас на панел дискусијата.

Коѕијас се осврна на начинот на имплементација на Договорот од Преспа и истиот го спореди со бебе.

„Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме”, рече Коѕијас кој се осврна и на постапките на новата македонска претседателка, истакнувајќи дека таа како поединец има право да ја нарекува државата Македонија, но како институција има обврска да го почитува Договорот, а ако не ѝ се допаѓа дека може да се жали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Мицотакис ќе го покрене прашањето за Македонија…

Се очекува премиерот Кирјакос Мицотакис да го…

„Прототема“: Грција очекува јасна порака од НАТО…

Грција очекува јасна порака од НАТО до…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

МНР потврди: Македонка почина во сообраќајна несреќа…

Македонска државјанка почина во сообраќајна несреќа во…