Коѕијас: На Северна Македонија ѝ ветивме влез во ЕУ, имаме обврска тоа да го испорачаме
Поранешниот министер за надоврешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор зборуваше за постигнувањето на Договорот од Преспа и негова идна имплементација, напоменувајќи дека тој Договорот доведе до членство во НАТО и требаше да обезбеди членство во ЕУ за Македонија.
„На
СевернаМакедонија ѝ ветивме влез во ЕУ и имаме обврска тоа да го испорачаме. Влезот во ЕУ заСевернаМакедонија беше ветен. И што направи ЕУ? Прво француското вето, за менување на методологијата, па потоа дојде ветото од Бугарија. Што треба ние сега да сториме? Дали да ѝ речеме на Бугарија ние вас нема никогаш да ве пуштиме во Шенген додека не го кренете ветото заСевернаМакедонија? Ова е добар предлог и треба да се размисли. Но дали е тоа начин? Да се фокусираме на кавги наместо на заеднички напредок?”, рече Коѕијас на панел дискусијата.
Коѕијас се осврна на начинот на имплементација на Договорот од Преспа и истиот го спореди со бебе.
„Договорот е како бебе на кое сите му се смешкаат и радуваат, но ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме”, рече Коѕијас кој се осврна и на постапките на новата македонска претседателка, истакнувајќи дека таа како поединец има право да ја нарекува државата Македонија, но како институција има обврска да го почитува Договорот, а ако не ѝ се допаѓа дека може да се жали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…