Објавено на:

Кој е Ламин Јамал, новата ѕвезда на Барселона и на светскиот фудбал?

t

Ламин Јамал имаше само 15 години и 290 дена кога истрча на теренот и стана вториот најмлад дебитант во историјата на клубот.

Од неколку факти може да се види астрономскиот развој на талентот Јамин Ламал:

– На 20 август за првпат заигра како стартер на мечот со Кадиз
– На 28 август стана најмладиот асистент во Ла Лига во ХХI век
– На 8 септември стана најмладиот играч во историјата на репрезентацијата на Шпанија на возраст од смо 16 години и 57 дена, а после пола час од стартот постигна гол против Грузија и стана најмлад стрелец во историјата на шпанската репрезентација.
– На 20 септември Јамин стана најмлад дебитант во историјата на Барса во Лига на шампиони и втор после Јусуфа Мукоко од Дортмунд во историјата на ова натпреварување.
– На 2 октомври Барселона соопшти дека го продолжила договорот со него. Откупната клаузула е 1 милијарда евра.
Ламин добил честитки од сите страни. Поранешниот директор на фабриката за таленти Ла Масија, Аурели Алтимира рекол: „Јамал не е Меси, но е најблизу од сите до него. Ако десет пати шутира кон голот, девет пати ќе погоди. Ладнокрвно игра во шеснаесетникот и прави тоа што не го прават 18 и 19-годишни фудбалери. Има вроден талент. Треба многу да се внимава на него и да се следи неговото опкружување и ќе стане важен играч“.

РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАМИН НАВИВАЛЕ ЗА РЕАЛ КАКО И МНОГУ ИМИГРАНТИ ОД НЕГОВИОТ РОДЕН ГРАД

Јамал е роден во јули 2007-ма година во семејство на Мароканецот Мунир Назрауи и Шеила Ебани од Екваторијална Гвинеја. Пораснал во градот Матаро, град со 125.000 жители близу Барселона. Во предградието каде растел живееле претежно мигранти и сиромашни лица, а овој реон важел за неспокојно место со многу наркотици, невработеност, криминал.

Третина од населението се имигранти а половина од нив со мароканско потекло.

Родителите на Ламин Јамал се разведени но комуницираат. Интересно и двајцата навиваат за Реал Мадрид којшто во Матаро иако е каталонски реон е попоуларен од Барселона.

ЈАМАЛ СЕКОГАШ ГИ СЛАВЕЛ ГОЛОВИТЕ СО ПОСВЕТА НА СВОЈОТ РОДЕН КРАЈ

Малиот Ламин од детство бил вљубен во играта на Нејмар. Еднаш ги чекал Бразилецот и Луис Суарез за да се слика со нив. Јамал и потсеќа на Нејмар во играта со ненадејни, типични бразилски движења.

Почнал да игра фудбал на улиците на Рокафонда. Негови познаници раскажале дека не е сменет воопшто после дебито за Барселона. Тој играл уличен фудбал а после една година тренирал во клубот Ла Торете од соседниот реон Гранољерс.

На 7 години стигнал до Ла Масија, академијата на Барселона. Таму не му ги „сечеле крилата“ и го оставиле да ја развие индивидуалната фудбалска фантазија. „Фудбал научи да игра во Ла Масија, а да дрибла научи на улица“, вели негов роднина Моха.

На почеток условите му биле потешки од оние на врсниците во академијата. Ако другите деца ги носеле родители со кола, Ламин со татко му станувал по три, четири, пет часа порано за да со воз стигне на време до Ла Масија.

Ламин никогаш не заборавил од каде потекнува. На неговиот роден реон му го посветува секој гол така што со прстите на рацете покажува цифри 3, 0 и 1. Тоа е позивниот број за реонот Рокафонда. Таму живеел со дедо му Абдул кој имал своја пекара и кој на ѕидот сега држи дресови со презимето на неговиот сакан внук – од Барселона и Шпанија У-17.

„Сега многу комшии ми бараат дрес од Ламин и прашуваат како стигнал до академијата на Барса“, рекол дедо Абдул.

НА 8 ГОДИНИ СО СЕРХИО РАМОС ИЗЛЕГОЛ НА ГОЛЕМОТО ЕЛ КЛАСИКО СО РЕАЛ, А МИНАТАТА НЕДЕЛА ДАДЕ ГОЛ ПРЕКУ НЕГО

Во 2016-та година 8-годишниот Ламин Јамал првпат се сретнал со големиот Серхио Рамос кој потпиша со Реал две години пред Ламин да се роди. Го држел за рака пред излегување на „Камп Ноу“ со останатите деца. Реал тогаш победи 1:2 со головите на Бензема и Роналдо.

На тој меч Рамос доби црвен картон за груба игра.

После 8 години Јамин и Серхио повторно се сретнаа, само во друг статус. Минатата ндела Ламин играше од старт за Барса а Рамос за Севиља во рамки на 8. коло од Ла Лига.

Барселона славеше минимално откако по шут на Ламин, топката се одби од Рамос кој си даде автогол за конечни 1:0.

ВО БАРСА Е ВЕЌЕ ГОЛЕМА ЅВЕЗДА

Тренерот Чави знаел за Ламин Јамал уште кога дошол од Катар каде беше тренер. На ручек со екипата често викал: „Ако заборавиме на него ќе се откаже од прв тим“.

Јамал во еден момент одиграл повеќе натпревари со јуниорите каде се игра 7 на 7 отколку дуели 11 на 11. Пет сезони играл 7 на 7 а само две сезони 11 на 11.

Од дебито на Ламин за Барса У19 до првиот меч за Шпанија поминало помалку од година дена. Интересно младиот бисер дебитираше за Барса без да играл за Барса Б претходно.

Чави сакал постепено да го воведува во тренинзи со првиот тим за да избегне голема врева околу малиот талент но не успеал. Вундеркиндот толку брзо напредувал што невозможно било да не го играат.

„Јамал е уште многу млад, тој расте, треба да го заштитиме од лоша еуфорија и споредби со Меси“, рекол тренерот на Барселона Чави.

Новинари од сајтот Relevo цитирале некој вработен во клубот кој рекол:

„Сега главна цел на Барса е да направи сè што може Јамал да не се повредува така често како Ансу Фати и Педри. За тоа да се погрижат Чави и медицинскиот штаб. Тие играа многу повеќе од Ламин и платија цена за тоа“.

ГО БАРАЛЕ ОД МАРОКО, НО ЈА ИЗБРАЛ ШПАНИЈА

После дебито на Ламин Јамал за Барселона, очекувано активно се зборувало и за која репрезентација ќе игра. Можел да бира: Шпанија, Мароко или Екваторијална Гвинеја од каде е мајка му.

Јамал очекувано ја избрал Шпанија за која од февруари до октомври 2022-ра играл во четири возрасни селекции: У15, У16, У17 и У19.

Но Мароко не се предавал. Сите во оваа африканска земја прашувале дали може да и го „украдат“ на Шпанија.

По еден новинарски натпис на сајтот Relevo во август дека Јамал наводно посакал да игра за Мароко, во оваа земја се активирал дури и кралот Мухамед VI кој агитирал претходно и за Брахим Дијаз од Реал Мадрид.

Денес Ламин Јамал, иако со само 16 години, е главна sвезда на Шпанија, а навивачите на оваа земја ширум светот гледаат во него прв ,,пик” да ја донесе толку посакуваната европска титула повторно во Шпанија. Навистина ова момче игра феноменално, тоа говори и вчерашниот натпревар и гол против Франција. Само врвните фудбалски мајстори можат да погодат на таков начин како што погоди вчера Јамал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…

Син ја претепал својата 72-годишна мајка

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

Просечната плата во Србија достигна историски 100.000…

Министерот за финансии во Владата на Србија…

Владата назначи нови директори на затворите низ…

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна…