Краварките од Паланка рекордерки по пријави: вкупно 104, последната за нападот врз 67-годишната жена ќе биде кривична

t

Трите сестри од семејството Ѓорѓиевски од Крива Паланка ќе добијат нови кривични пријави, откако 67-годишна жена од селото Дрење пријавила дека била натепана поради недоразбирање околу кравите кои предизвикуваат штета во Паланечко. Жената завршила со тешки телесни повреди, а во Здравствениот дом во Крива Паланка ѝ била констатирана скршеница на ногата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Д.Д. (67) на 21 ноември во 9 часот пријавила дека во селото Дрење физички била нападната од Г.Ѓ., А.Ѓ. и А.Ѓ. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Од СВР Куманово велат дека против пријавените ќе бидат поднесени кривични пријави, но се чека насока од надлежниот јавен обвинител.

Весникот Вечер од извори на истрагата дознава дека познатите сопственички на кравите се бранеле дека жената ги испровоцирала, односно дека ги удирала со камења, а поводот била стоката која со месеци шета и се размножува во градот и околината. Повредената жена има повреда на ногата и, според првичните информации, најверојатно ќе биде пуштена на домашно лекување. Според неофицијалните информации, обвинителот треба да разговара со повредената жена па да се одлучува за натамошното постапување.

Случајот е уште еден во низата инциденти поврзани со добитокот на семејството Ѓорѓиевски, за кое во ОВР Крива Паланка досега се евидентирани вкупно 104 пријави. Од нив, 43 се однесуваат на упатени лица, 18 се поплаки, шест се за нарушување на јавниот ред и мир, 16 се кривични дела што се гонат по приватна тужба, а 21 се кривични дела по службена должност, информираат за ВЕЧЕР од СВР Куманово.

Кривичните пријави досега се однесувале на оштетување туѓи предмети, загрозување на сигурноста, спречување службено лице во вршење службени дејствија, насилство и лажно пријавување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Краварките од Паланка рекордерки по пријави: вкупно…

Трите сестри од семејството Ѓорѓиевски од Крива…

Позната здравствената состојба на повредениот полицаец од…

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е…

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ЦАР САМОИЛ ЌЕ ОДАТ…

Посмртните останки на цар Самоил и на…

Влада: Попуст при купување стан, нула комуналии…

Поевтини станови и полесен пат до сопствен…

Муцунски: Герапетритис јавно кажа дека имаме сериозен…

Ме радува тоа што министерот Герапетритис јавно…