Објавено на:

Крајно простачки: Играа Албанија и Хрватска, а навивачите скандираа „уби уби Србина“

t

Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024.

Натпреварот го одбележа срамното навивање од двете страни „уби уби Србина“

Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен пресврт на Хрватска со два гола за две минути.

Најпрво Крамариќ го израмни резултатот во 74 минута, а Хрватите дојдоа и до водство со автоголот на Џасула во 76 минута.

Сепак, истиот играч беше прецизен и на спротивната страна и во петтата минута од судиското продолжение ѝ донесе голем бод на Албанија во дуелот против фаворитот Хрватска.

Второто коло во групата Б ќе го комплетираат утревечер Шпанија и актуелниот првак Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Заштитете ги и животните од високите…

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата…

Македонија се бори со огнени стихии, пожари…

Граѓаните да не се движат во населените…

Косово има 1.586.659 резидентни жители, според прелиминарните…

Досега, како што информира вршителот на должноста…

Берлин: Претседателството на Унгарија со ЕУ „веќе…

Унгарското претседателство со Советот на ЕУ веќе…

Вучиќ го разоткри планот за уништување на…

Се обидуваат да ја испровоцираат Србија да…