Објавено на:

Крај на драмата: САД соопштија дека го соборија кинескиот воздушен балон

t

САД соопштија дека е соборен кинескиот воздушен балон за кој постои сомнеж дека имал цел  да шпионира, со оглед на тоа дека летал над сензитивни воени локации во Северна Америка. Според соопштението, тој е соборен во близина над сојузната држава Северна Каролина. Тоа е најновиот развој во тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.

Во тек е операција во територијалните води на САД во Атлантскиот Океан за да се извлечат остатоците од балонот, кој летал на околу 60.000 стапки односно 18 илјади метри висина и се проценува дека е со големина на три училишни автобуси. Неговото соборување беше пренесувано со пренос во живо.

Претходно американскиот претседател Џо Бајден на новинарско прашање одговори дека „ние ќе се погрижиме за тоа“.

Кинескиот балон кој првично беше забележан во средата во Монтана, над воена база каде што според извештаите се чуваат 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави. Пентагон го опиша како сомнителен објект за набљудување од висина.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за метеоролошки цепелин кој што го изгубил курсот, односно излегол од рутата поради „виша сила“ и ги обвини американските политичари и медиумите дека ја искористуваат ситуацијата за да ја оцрнат Кина.

Претходно, според објавените информации во американските медиуми балонот прелетал над Канада и Алјаска пред да биде забележан во САД. Портпаролката на Белата Куќа Карин Жан-Пјер изјави дека САД го следеле балонот барем од вторникот, а прес-секретарот на Пентагон генерал Пет Рајдер изјави дека дека официјалните лица го набљудувале со повеќе методи, вклучително и пилотирани авиони.

Вчера американскиот државен секретар Антони Блинкен ја откажа посетата на Пекинг.

Пентагон во петокот соопшти дека втор кинески балон е забележан во Латинска Америка, но не ја прецизираше точната локација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец на докторски студии по физика во…

Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…

Директорката на американската тајна служба: Неуспехот при…

Неуспехот да го обезбеди поранешниот американски претседател…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…