Објавено на:

Крвав напад во училиште во Германија, напаѓачот е уапсен

t

Неколку лица се ранети во напад во средно училиште во Германија, пренесуваат германските медиуми. Полицијата соопшти дека осомничен напаѓач е уапсен, објави „Билд“.

„Осомничениот напаѓач е уапсен“, објави полицијата во објава на „X“.

Првично беше кажано дека четири лица се ранети, но официјалниот број на повредени сè уште не е познат. Според германскиот „Билд“, неколку лица имаат сериозни повреди. Се верува дека некои жртви имаат убодни рани. Сè уште не е познато дали се повредени ученици или наставници.

Повеќе од 15 полициски возила пристигнаа пред средното училиште Велфен во Шенгау, југозападно од Минхен.

„Не можеме да ја исклучиме можноста за пукање во училиштето“ – изјави портпаролот на полицијата.

Осомничениот се обидел да избега по нападот, но набрзо бил уапсен. Хеликоптер бил вклучен во интервенцијата на полицијата и тој брзо го лоцирал.

Полициските службеници ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа поради нападот во училиштето. Засега не е познат мотивот за нападот.

Шогау е мал град на бреговите на реката Лех во западниот дел од Горна Баварија, со население од малку повеќе од 12.000 жители, пишува „Блид“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвав напад во училиште во Германија, напаѓачот…

Неколку лица се ранети во напад во…

Извештај: Во Германија расте бројот на екстремисти

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт…

Најмалку пет лица се убиени во пукање…

Најмалку пет лица се убиени во пукотница…

Германските цариници заплениле кокаин вреден 500 милиони…

Германските царински службеници во пристаништето Вилхелмсхавен во…

13,3 милиони или 16,1% од граѓаните во…

Стапката на сиромаштија во Германија се искачи на…